7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани: Најдобро Груевски да е во Македонија, немир и паника има во...

Османи: Најдобро Груевски да е во Македонија, немир и паника има во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер Никола Груевски треба да е во Македонија и да се соочи со правдата. Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи коментира во интервју за ТВ21, алудирајќи дека е нарушена безбедноста на државата со отсуството на поранешниот премиер, кој ужива азил во Будимпешта.

„Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на на друга држава, тоа не е паметно за било која држава“, изјави Бујар Османи во емисијата Анализа со Борјан Јовановски на 21.

Османи додава дека нема никаква иницијатива во делот за негово враќање.

„Најдобро е тој да е овде и да се справува со судските процеси кои што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички, но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв кој ние не го разбираме“, додава Османи.

Тој во интервјуто се осврнува и на караницата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека темата Груевски е повеќе страв и паника која што излегува од ВМРО-ДПМНЕ и ни сервира нам дека е некако општествено прашање. Тоа е некаков психолошки немир кој што го имаат, нивни внатрешни односни кои ние не ги знаеме. И тие мислат дека логиката кога вие знаете дека имате еден проблем, мислите дека знаат сите и нас постојано ни го сервираат тој проблем, а ние не сме свесни што се случува. Тоа е немир и паника во опозициската партија кон психолошкиот лик на Груевскки“, додава Османи.

Емисијата „Анализа со Борјан Јовановски“ ќе се емитува во недела во 20 часот на ТВ21
Враќањето на Груевски е топ тема изминатиот месец во македонските медиуми. Пред само четири дена, на темата говореше и потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи. Тој во интевју за ТВ21 рече дека треба да се направи помирување, но не и простување на делата за екс премиерот Никола Груевски.

„Јас сум првиот што седнува и зборува за помирување, ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде“ рече Битиќи и појасни дека вклучено е и враќањето на Груевски за кое потенцираше дека „помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната. Нема простување на дела“, изјави Битиќи во „Click Plus“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...