11.9 C
Ohrid
сабота, март 29, 2025
ПочетнаСветДемонстрантите во Атина до Помпео: Оди си дома!

Демонстрантите во Атина до Помпео: Оди си дома!

spot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека илјадници антиамерикански демонстранти во Атина протестираа против неговата посета, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана меѓу двете земји и како Грција може да биде „столб на стабилноста за регионот“.

<

Илјадници демонстранти извикуваа: „Помпео оди си дома!“ пред грчкиот парламент, додека центарот на градот Атина беше затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.

„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот и може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.

Грчкиот премиер зборуваше за напнатата ситуација во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални операции за дупчење во морето во потрага по природен гас.

„Кипар повика на примена на меѓународното право и јас го поздравувам позитивниот придонес на Соединетите Американски Држави во создавање на попродуктивна клима во регионот“, рече Мицотакис.

Европската унија во неколку наврати го осудуваше илегалното бушење од страна на Турција кај Кипар, а Анкара оваа недела испрати брод „Јавуз“ во ексклузивната поморска економска зона на Кипар, каде оперативни дозволи за работа имаат францускиот и италијанскиот енергетски гигант „Тотал“ и „Ени“.

Посетата на Грција е последна од турнејата на Помпео. Тој претходно ги посети Италија, Црна Гора и Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Експлодира лимузината на Путин вредна 330.000 евра.

Познатата лимузина Аурус од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше во Москва, северно од седиштето на ФСБ во Лубјанка. Според извештаите на...

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив.

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во...

59 стрелци, за 59 наши браќа и сестри од Кочани.

59 плотуни за 59-те жртви во пожарот во Кочани на 5-годишнината од членството во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје. Солидарноста меѓу сојузниците се...

Градоначалникот на Општина Центар ја донираше платата за настраданите во Кочани

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани”, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат...