18.9 C
Ohrid
недела, мај 26, 2024
ПочетнаМакедонијаИгор Џамбазов за Командант Мујо: Toj беше македонскиот Робин Худ-им ги земаше...

Игор Џамбазов за Командант Мујо: Toj беше македонскиот Робин Худ-им ги земаше парите на богатите, па им помагаше на сиромашните !!!!

Македонскиот шоумен и водител Игор Џамбазов гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, интервју за кое деновиве оправдано зборува цела Македонија и во кое Џамбазов кажа работи досега непознати за јавноста. Во еден дел од интервјуто, Џамбазов се осврнува на тешкиот период од неговиот живот, кога западна во големи долгови и добиваше закани по својот живот. На прашањето колку пари должел, со оглед на тоа дека тогаш се зборуваше за сума од дури 300.000 марки, Џамбазов демантира дека биле толку многу и вели:

– Не, не. Никогаш не биле толку, комплетната сума беше 50.000 марки, на три-четири места по десеттина, 12.000, 15.000, но тоа со камати. Земаш 4.000, а после 6 месеци враќаш 20.000. Некои дури сакаа да го малтретираат татко ми Џамбаз, вели Игор во интервјуто.

На прашањето дали и тој бил малтретиран, Игор одговара:
– Како не сум бил. Кога ми ставија првпат пиштол во уста, тоа го гледаш во филм, мислиш дека си на снимање. Го става намерно горниот дел непцето да те раскрвари. Се гледа дека ќовекот го правел тоа повеќе пати во животот. Да има крв, да те фати паника. Тоа се моменти кои мене ме освестувале. Сите тие глупости се случија во многу кратко време. Немав веќе што да правам, Тогаш за првпат во тој период се јавив во полиција. Пет дена по ред се јавував, „јас сум Игор Џамбазов, ме малтретираат луѓе, ми бараат рекет“. Немаше кој да ме заштити. Тие што требаше да ме чуваат се на телефон со овие што ме бараат, вели Џамбазов.
На прашањето дали во тоа време дали му има помогнато Командант Мујо, Џамбазов вели:

Да, како и на многу други. Мујо ми помогна да се опуштам, да се смирам. После месец дена седење во Куманово, сфатив дека овој период морам да го искористам за нешто убаво. Така дојде идејата да ја напишам Гол човек, заклучува Игор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Седеле на иста маса во кафуле во Охрид, а потоа ја истепале

На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица...

На денешен ден починал народниот херој, Цветко Узуновски.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНАЛ НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ЦВЕТКО УЗУНОВСКИ Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се...

Во тек е акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица меѓу кои и седумгодишно дете

МАКЕДОНИЈА ЦУК: Во тек е акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица меѓу кои и седумгодишно дете Автор: Деск 4NEWS.MK 25/05/2024 19:20 Направете го ова неколку минути пред сексот...

Група студенти работаат на првиот македонски болид !!!!

Група од 20 студенти од различни факултети од УКИМ во една од лабораториите на Машинскиот факултет во Скопје работи на првиот македонски болид. Со...