18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСудењето за родилката од Дебар по трет пат се враќа од почеток

Судењето за родилката од Дебар по трет пат се враќа од почеток

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судскиот процес за случајот Веапоска по трет пат се враќа од почеток-родилката од Дебар која остана без матка,бубрег и јајник безмалку 2 години чека правда.Откако почнасудскиот процес на почетокот од 2022-ра,до сега се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија. Од самиот почеток се одолговлекува судењетона докторите од Струга кои ме осакатија и ме оставија без три органи, вели Веапоска која поднесе и претставка до судскиот совет со барање да се испита работата на судот во Струга.

<

“Судијата и обвинителот избегаа од процесот и затоа не го завршија.Тие, тој судија и тој обвинител нема да остават никаква трага во правосудството во Република Македонија, ете тоа е моето мислење.Довербата во правосудството е во минусно салдо отидена.Правдата е тешко достапна, луѓето се загрижени, неможеш да го знаеш исходот на постапките од икс причини”-вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Претседателот на струшкиот основен суд отворено, вели дека e лоша ситуацијата во судот каде се водат сериозни судски процеси како овој со Веапоска, бидејќи од потребните 15 судии, останале само 4-ца.

” Не е добра ситуацијата,ќе мора да се интервенира дали со делегирање или со избор на друг судија што има работно искуство повеќе од 3 години за да може да постапува во кривичните предмети каде што е предвидено казна затвора над 5 години”-вели Ифет Бајрамоски,Претседател на Основен суд Струга

И додека Веапоска го чека 22-ри декември кога по трет треба да почне судскиот процес против екс директорот на струшката општа болница Мухамед Асани, неговиот синБлертон Асани и Лилјана Јованоска,претседателот на судот мака мачи да го обезбеди потребниот број судии. Од 4-рицата судии кои ја тераат правдата,еден за три месеци ќе се врати во охридскиот основен суд од каде што бил делегиран и двајца млади судии од Академија за судии и јавни обвинители,кои пак ќе постапуваат лимитирано, само за одредени спорови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...