22.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаНа туристичките работници им пукна филмот: Дајте ни лопати, ние ќе го...

На туристичките работници им пукна филмот: Дајте ни лопати, ние ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид!

Дајте ни лопати и сами ќе го доизградиме автопатот Кичево-Охрид,туристичките работници подготвени се да запрегнат ракави и да ја завршат автопатската делица од 57 километри,она што државата 10 години не е способна да го направи. Ни прекипе велат од поплаките на странците кои кога се симнат на македонско тло првиот впечаток е како да дошле во либаскиот град Бејрут оти патот кон Охрид е како да се случила експозија.

“Ако ништо не се превземе, како што гледаме дека многу слабо се работи на автопатот,кажано беше да ги собереме сите вработени од хотелската индустрија и да се собереме да направиме една работна акција.Да ни дадат 3.000 лопати и да фатиме со лопати да исполниме се’ .Ќе повикаме на помош од околните села со трактори да дојдат и да направиме една работна акција”-вели Крсте Блажески, Претседател на Хотам.

Автопатот Кичево-Охрид е огледало колку сме способни и колку не бидува како држава,овој инфраструктурен проект тежок половина милијарда евра кој ќе влезе воисторијата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна,не врати 30 години наназад,гневни се туристичките работници.Поради ужасно лошиот пат, странците не само што не одбегнуваат ,туку не помислуваат да поминат низ нашата држава, за транзит ја користат јужна Албанија.

“За здрав туризам, за здрава економија,потребна е добра патна инфраструктура.Жалам што е вака,се што ќе кажеме е неважно кога го гледаме ова ругло на влезот од Охрид”-вели Олег Маленко, Т.А”Виспој”

На два месеци пред истекот на крајниот рок за завршување на автопатот,Премиерот Ковачески и неговата десна рака Артан Груби,јавно проговорија за можноста да се раскине договорот со кинеската компанија Синохидро.Овој излет ќе биде јамка за македонските компании и сериозно ќе ја чини Македонија, затоа треба добро да се размисли пред да се превземат било какви чекори-сугерираат добро упатените кои проговорија што се случува со автопатот.

„Нашиот став е дека премногу долго се гради, дека премногу проблеми се, дека административно законските пречки со кои се соочивме таму на изградба на автопатот беа огромни.Огромни проблеми имавме и со проектната документација“–вели Андреа Серафимовски-Преседател на здружение за градежништво

Останува дилемата дали беше однапред договорено помеѓу Ковачески и Груби да се искористи првата конференција за патна инфраструктура во Охрид за да се обзнанат идните планови на владата? Една од опциите е ракинување на договорот со Синохидро, не сакам да прејудицирам каква одлука би донела владата и Собранието бидејќисамиот договор претставува закон и секоја негова промена и секој негов анекс се одобрува од пратениците,рече Ковачески без да прецизира кога ќе побара ревизија. Неофицијално од Синиохидро веќе побараме средба со Владата. Инаку по три продолжувања и пробивања на роковите за изградба на автопатот,надлежните уверуваа дека истиот ќе бил пуштен во употреба до крајот на година,а причина за доцнењето во реализацијата секогаш беа наводно лошите временски услови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...