21.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаГоран Ангелов Ќосето: Ако љубовта кон Македонија е тероризам, тогаш прифаќам да...

Горан Ангелов Ќосето: Ако љубовта кон Македонија е тероризам, тогаш прифаќам да бидам терорист

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се што имам сторено имам сторено од патриотски прични и ако е терорист човек кој што си ја сака државата, човек што војувал во 2001-ва, бев во Лавовите и многу други работи сум направил за државата. И ако човек кој влегол без оружје, без никакво насилство во Собранието, тогаш нека бидам терорист, вели Горан Ангелов на прашањето дали се чувствува како терорист.

<

Ако љубовта кон Македонија е тероризам, тогаш прифаќам да бидам терорист, вели пред камерата на Алфа, Горан Ангелов Ќосето од Велес, кој во моментов имаше неколу слободни дена и излезе од затвор да се види со своето семејство. Тој за собраниските настани првостепено беше осуден на 12 години казна затвор, која од Апелација може да се каже симболично беше намалена за само 12 месеци. Веќе седма година Ангелов ја минува низ затворите во Македонија. Почетокот е во Шутка, потоа Идризово и Штип и сега во моментов во Прилеп.

Сепак, вели за неговата субдина не му е најтешко нему, туку на неговото семејство, посебно трите деца. Токму тие вели Ангелов, доживувале вистински пекол во периодот кога дури три пати бил приведуван од својот дом за собраниските настани. Прво за случајот кој доби квалификација насилство, потоа за Зијадин Села и на крајот терористичкото загрозување на уставниот поредок за кое што доби и пресуда. Посебно стресно за неговите три деца било третото апсење

-Сите три пати ми ги земаа телефоните, на децата компјутерите од дома, се што имавме електронски направи, телефони, се ни беше одземено, до ден денес ништо не ми е вратено од тоа. Децата мали беа уште кога им ги земаа телефоните, од раце им ги земаа телефоните, во 5 сабајле влегоа специјалци, со џипови, со борни коли не носеа, судење спектакл, терористи. Истата рута што беше користена за Диво Насеље, така и за нас истото беше процедурата, вели Ангелов.

Кога семејството е во прашање на Ангелов најтешко му паѓа фактот што неговите деца го немале својот татко во периодот кога најмногу им бил потребен, во периодот на нивното растење и развој.
Alfa Tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...