16.6 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаБубевски: Сторителите ги фатило паника оти се крена јавноста и решиле да...

Бубевски: Сторителите ги фатило паника оти се крена јавноста и решиле да го лишат од живот детето а парите да ги бараат подоцна

Сите инволвирани лица се лоцијани. Тројца од петмината за кои постои основ дека се вмешани беа на распит во ОЈО. Имаме признанија од осомничените кој во што бил инволвиран. Тие извршиле две кривични дела – грабнување за остварување на материјална корист и кривични дела – убиство. Овие дела се казнуваат најтешко во Македонија. Побаран е притвор од 48 часа бидејќи се во тек други потраги и вештачења. Потоа, МВР ќе излезе со кривична пријава по што ОЈО отвора формална истражна постапка, рече обвинителот Гаврил Бубевски на денешната прес конференција.

– Постојат сите околности за бегство и повторување на делото и затоа ќе побараме подолготрајна мерка притвор за обезбедување на осомничените. Ќе биде издадена меѓународна потерница за лицето за кое имаме првични информации дека не е во државата и ќе ја известуваме јавноста оти тоа понатаму го дозволува постапката, рече ОЈО Бубевски.

Бубевски рече дека без никакви задрши сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат казнети. Процесот на истрагата, рече Бубевски, беше тежок оти некои околности во почетокот не се кажуваа а со постапувањето на полицијата доказните материјали беа обезбедени.

– Постапката мора да биде законита за да не дојдеме во ситуација поради процедурални пропусти постапката да падне на суд, додаде обвинителот.
Имаме искази како дошло излегувањето од контрола за само два часа и убиство на девојчето. Сторителите ги фатило паника оти јавноста во целост беше ангажирана во пронаоѓање на детето, па одлучиле дека парите ќе ги бараат подоцна и го лишиле од живот детето, појасни Бубевски на новинарско прашање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...