27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОд МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник...

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи – двајца познаници се скарале, па се смириле

<

МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава на портали и социјални мрежи проследена со видео запис според која машко лице агресивно се однесува наводно кон случајни минувачи без повод и причина и тепа луѓе по улиците на Скопје. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор. Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и објавен на портали и социјални мрежи бил насочен исклучиво кон неговиот познаник А.Д.(51), од скопско, со кого имаат нарушени пријателски односи, при што немал намера да го нападне, туку само го турнал и влечел. Исто така, извршен е разговор и со А.Д., кој го потврдил исказот на познаникот и изјавил дека малку подоцна меѓусебниот проблем го надминале и се смириле.

Од страна на Полициска станица Гази Баба против Љ.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш со апел кон порталите да не шират дезинформации, а кон граѓаните сите случаи на нарушување на јавниот ред и мир и сомненија за криминогено однесување да го пријават во полициска станица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...