4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОсудениот за двојното убиство кај „Император“ во Охрид, бара во Бугарија да...

Осудениот за двојното убиство кај „Император“ во Охрид, бара во Бугарија да ја доиздржи казната затвор

spot_img

Охриѓанецот Бојан Петрески, кој во 2015 година е осуден на доживотна казна затвор поради двојното убиство пред хотелот „Император“ во Охрид, врз основа на двојното државјанство што го поседува (македонско и бугарско) бара трансфер во соодветна казнено-поправна установа во Бугарија, за доиздржување на казната затвор.
јавува, OhridNews
Токму неговото барање за трансфер предизвика судир на надлежности меѓу Основниот суд – Охрид како носител на законодавната власт и Министерството за правда на Република Северна Македонија како носител на извршната во врска, поради што побарале „дилемата“ да им ја реши Уставниот суд.

Како што е посочено во барањето од Основниот суд Охрид доставено до Уставниот суд, Судот во Охрид согласно Законот за меѓународна соработка во кривичната материја прибавил изјава од осудениот Бојан Петрески со која тој дава согласност за трансфер, а исто така е обезбеден примерок од правосилната пресуда и сите списи се доставени до Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда.

Судијата од Основниот суд Охрид, Бојан Мартиноски вели дека Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда наместо да ја продолжи постапката по барањето за трансфер од осудениот Бојан Петрески, ги вратил списите со укажување дека Судот треба да постапува согласно чл.97 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и со барање до Судот да го извести Министерството за исходот од постапката.

Воедно, од Министерството за правда го известиле Судот во Охрид дека тој е надлежен да цени со Решение за тоа дали осудениот Бојан Петрески има или нема право да поднесе барање за трансфер во Бугарија, како и дека Судот бил надлежен со Решение да одлучи дали осудениот можел или неможел да се трансферира во Бугарија.

Имајќи го предвид произнесеното неспорно е дека се работи за судир на надлежности помеѓу Основниот суд Охрид како носител на законодавната власт и Министерството за правда на Република Северна Македонија како носител на извршната власт, па поради тоа Основниот суд Охрид бара Уставниот суд на Република Северна Македонија да одлучи по однос на стварната надлежност за постапување по барањето за трансфер на осудениот Бојан Петрески, се наведува во барањето од судијата Мартиноски испратено до Уставниот суд.
Судијата Мартиноски вели дека тој го пратил барањето до Уставниот суд, од каде добил одговор дека треба да биде како Решение.

Сега јас ќе го пуштам во форма како Решение, во смисла дека ние немаме надлежност, бидејќи се работи за судир меѓу властите. Потоа Уставен кога ќе одлучи претпоставувам дека ќе го пушти во Министерство за правда, истакнува судијата Мартиноски.
Тој посочува дека во Законот за меѓународна соработка во кривичната материја јасно е напишано дека Министерството за правда одлучува за трансфер.

Ако Министерството за правда одлучи позитивно се обраќа до бугарското Министерство за правда, а доколку бугарското Министерство се согласи, следува процедура како ќе се преземе. Сето тоа оди меѓу министерствата, судот нема ништо. Одлуката ни под разно неможе да е од Судот. Со самото упатување во затворска устанува на осудениот завршува работата на Судот, нагласува судијата Мартиноски.
Од Уставниот суд велат дека по предметот се постапува и кога ќе има готов реферат ќе биде ставен на седница за дискусија.

Основниот суд во Охрид во декември 2015 година ги прогласи за виновни обвинетите во судскиот процес за двојното убиство што во август 2014 година се случи на во хотелот „Император“ во Охрид.

На првообвинетиот Бојан Петрески од Охрид, кој се товареше за кривично дело убиство и неовластено поседување на оружје и распрскувачки материјали, Судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Тој е прогласен за виновен за извршено кривично дело убиство со умисла над 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески.

Второобвинетиот Ристе Силјаноски од Охрид е прогласен за виновен за помагање на сторител по извршено кривично дело убиство. Нему Судот му изрече казна затвор во траење од една година, во која му се пресметува и времето минато во притвор.

Бојан Петрески веднаш по убиството беше во бегство, поради што за него беше распишана меѓународна потерница. По неколку месеци тој беше фатен од албанската полиција и екстрадиран во земјава.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...