17.9 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНема притвор за Беким Незири и другите осомничени за упадот во контролата...

Нема притвор за Беким Незири и другите осомничени за упадот во контролата на летање

Нема притвор, туку мерки за претпазливост Беким Незири од ДУИ и другите осомничени за упадот во зградата на контролата за летање М-НАВ.

Иско обвинителството бараше притвор, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.
Сгласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува:

Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето,

Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот,

Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и

Забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд, соопшти Судот.

Инаку, овие четири лица се осомничени дека заедно со уште четворица, предводени од Незири упаднаа во кулата на контрола за летање и се товарат за кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ.

Другите четворица се недостапни за органите на прогонот.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Драма во Средношколскиот дом во Битола: Таткото го претепал цимерот на синот

Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички...

Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена...

Борисов бара извинување од Скопје и оставка од Aлександар Николоски

Не стивнуваат реакциите во Бугарија по изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето...

Охриѓанката Наташа Совраноски е исчезната од втори септември во Штутграрт, Германија: Ја нема веќе 17 дена!

Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Македонија, која живеела во Штутграрт, Германија, е исчезната од втори септември. Младата жена живеела заедно со партнерот...