14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаВистински хаос: Никој не кажува дека завршила смената, граѓаните залудно чекаат за...

Вистински хаос: Никој не кажува дека завршила смената, граѓаните залудно чекаат за лични документи

spot_imgspot_img

Два преносни тоалети, еден кафемат, една клупа, многу отпад и врата за којашто сите се молат побрзо да се отвора и затвора. Во ваков амбиент граѓаните со часови чекаат пред пунктот за фотографирање за лични документи кај полициската станица „Пролет“.

Пред камерата на „Слободен печат“ дел од нив кажаа дека се враќаат веќе неколку дена по ред затоа што не можат да завршат работа, се случувало да чекаат и една работна смена, а еден господин вели дека доаѓа по трет пат, вчера чекал дури девет часа.
Револтирана скопјанка вели дека залудно е да се чека, ја затворат вратата и никој не излегува да каже уште колку да чекаат и дали воопшто да се чека.

– Чекаат и со мали деца и бремени жени, а никој не ги пушта преку ред. Погледнете го профилот на луѓето кои чекаат, гледате некој директор, функционер? Не, само обични граѓани, останатите влегуваат преку врски. Нема ниту еден полицаец, еве почекајте и ќе видите дека никој не излегува да воведе некаков ред околу гужвата. Чекаме, а никој не нè известува дека не пуштаат повеќе за тој ден, треба некој да не извести за да знаеме да си одиме дома – вели таа.

Според еден скопјанец, за да не се прават вакви турканици требало да се отворат пунктови во сите општини.

– Ова требаше да го направат во сите општини, да ги одвојат местата за да можат побрзо да функционираат. На што личи ова?! Срамота! Има стари луѓе, луѓе со деца што чекаат, ајде ние помладите ќе издржиме. Има такви кои излегле од работа и не можат да чекаат предолго, па се откажуваат – вели тој.

Еден господин кој веќе извадил документи ни кажа дека завршил работа за два и пол часа и дека според него денеска оди побрзо за разлика од претходните денови.

– Јас не чекав многу, денеска работат повеќе шалтери, осум или девет и побрзо оди – објаснува тој.

Камерата на „Слободен печат“ забележа и дел од граѓаните кои денеска ги подигнуваат личните документи од пунктот во МТВ. Таму слична слика, нервозни луѓе по долгото чекање во долгата редица. Меѓу анкетираните имаше и предлози за тоа како би требало да се олесни работата за да не се малтертира народот.

– Можеше да се почне порано, можеше да се дозволи исправите да важат додека не им истече рокот, па кога ќе се менува по редовна постапка документот да биде со новото уставно име, може да ги вклучат бројачите, па кога ќе дојдам културно да си земам бројче и да чекам ред, потребна е професионалност од државата – вели еден од граѓаните.

Има и такви кои за пет минути завршиле работа.

-За пет минути си ги зедов документите. Без корупција, ништо, само имав среќа – вели еден од анкетираните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...