Денес е Божиќ!
Денот на раѓањето на Исус Христос!
Го славиме христовото раѓање!
“…И отидоа околу половина пат, а Марија му рече: „Јосифе, спушти ме од магарето, зашто она што е во ме притиска да го родам“. И ја натера да седне таму и ѝ рече: „Каде да те одведам и да го спасам твојот срам, зашто тоа е пусто место? И виде таму една пештера, влезе во неа, ги остави таму синовите свои и отиде да бара еврејска бабица во Витлеемската земја…”
Вака авторот на Протоевангелието на Јаков ги претстави моментите непосредно пред раѓањето на Исус. Ова е многу важен текст. Иако не влезе во христијанскиот канон (датира од средината на 2 век), неговиот опис на детството и раѓањето на Исус стана еден од темелите на маријанскиот култ. Од него може да се соберат многу повеќе за реалноста на породувањето во античка Палестина отколку од четирите евангелија (само авторот на Евангелието според Лука го опишува раѓањето на Исус подетално).
Од овој настан ги броиме годините од нашата ера. Во 6 век, по наредба на папата Јован I, извесен скитски монах Дионисиј Мали, направил грешка при пресметувањето на датумот на раѓање. Денес знаеме дека Христовото раѓање се случило 6 до 8 години порано од календарот кој го користиме. �Витлеем како место на раѓање на Исус, синот на Јосиф од лозата на Давид и Марија, несомнено е потврдено од целокупното христијанско предание. �Историската точност на ликот на Исус е еден од најдокументираните животи во историјата на светот.
Тивко и целосно незабележано започнува нова ера во човечката историја. Се одвива и на најмалку очекуваното место, во Назарет.
Но, што проповедаше Исус?
Љубов, мир, добрина, правичност, помагање, споделување…
Го славиме Исус од Назарет кој учеше дека треба секому да му дадеме љубов, да создаваме мир, да покажуваме добрина кон секого, да помагаме кому можеме на оние на кои им треба помош, да простуваме, да споделуваме со оние кои немаат, да носиме радост и среќа кај оние каде недостасува, да сме справедливи…
Тој со личен пример покажа како треба да се живее, бидејќи тој токму тоа го правеше.
Секој еден што денес го слави Божиќ, барем за миг, нека го затвори очите и неколку секунди нека се преиспита во себе, дали така прави и ако не прави нека размисли дали и како може да се промени!? И дали доволно прави, ако прави. Дали може повеќе, многу повеќе…
Од денес па до крајот на животот!
Никогаш не е доцна да станеш подобар човек.
Со мноштво подобри луѓе, ќе добиеме подобри пријатели, подобри комшии, подобри колеги, подобра заедница, подобро општество, подобра држава! Подобра Македонија!
Да го славиме Бог! Секој ден! Во секој миг! Со дела!
Празникот Божиќ само треба да не потсетува, ако сме подзаборавиле. Ако едно зборуваме, а друго правиме.
Посакувам овој Божиќ Бог да ви даде повеќе здравје и сила за повеќе да помагате на другите, на секој еден кој ќе се појави во вашето секојдневие, кому му треба помош, каква и да е, независно кој е, дали е “важен” и без пресметка дали ќе ви врати. Сметајте дека нема ви врати, но Бог нема да ве заборави ако помгате!
Да ви даде повеќе љубов за да ја ширите онаму каде недостасува.
Да ви даде повеќе радост и среќа, но да не заборавите да ја споделите со други луѓе каде вистински недостасува, и нив да ги направите порадосни и посреќни.
Колку повеќе давате љубов, толку повеќе и ќе примате.
Не мора од истите, поверојатно од други.
Колку повеќе помагате, толку повеќе ќе ви помагаат! Не мора истите, Бог можеби ќе прати некој друг некогаш и некаде да ви помогне!
Колку повеќе другите ги правите среќни и радосни, толку повеќе Вам Бог ќе ви помогне да бидете посреќни и порадосни! И ако некој друг ви создаде среќа и радост, тоа не е случајно!
Колку повеќе простувате, толку повеќе и вам ќе ви биде простено!
Колку повеќе давате, толку повеќе Бог вам ќе ви даде!
Колку повеќе создавате мир, толку повеќе Бог ќе ви даде мир Вам и на вашите блиски!
Среќен Божиќ!