21.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаOрганизаторот на Ромскииот бал: Мицкоски е идниот премиер

Oрганизаторот на Ромскииот бал: Мицкоски е идниот премиер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 13-ти јануари во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа Европски Ромски бал во организација на партијата Роми обединети од Македонија (РОМ), на чие чело е Ерџан Селими.

<

Настанот поминал со многу музички гости помеѓу кои Таркан, Џамбо, Јужни ритам, Ферус Мустафов Јуниор, Тијана Ем и други, а се избрала и Мис Ромка.

Првиот човек на балот, Ерџан Селими се заблагодари на многубрјоните посетители на настанот, а го спомна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој бил помеѓу гостите, нарекувајќи го иден премиер на Македонија.

-Голема благодарност до претседателот на најголемата политичка партија во Македонија и иден премиер Проф. д-р Христијан Мицкоски за големата чест и присуство на ромскиот бал – порача Селими.

Упатувајќи јавна благодарница до сите кои допринеле да се одржи балот, тој истакна дека настанот бил гламурозен и имал за цел да испрати една поинаква порака, односно да ги прикаже Ромите во поинакво светло.

– Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата РОМ да ве поздравам и да ви се заблагодарам за голема доверба и присуство на нашиот гламурозен настан „Европски Ромски бал 2024“, настан кој имаше за цел да испрати една поинаква порака, односно да ги прикаже Ромите во едно поинакво издание, како што нѐ секогаш се навикнати да не видат. Ромите се интегриран народ и се луѓе како и сите останати.

Исто така, би сакал да ја искористам оваа можност и лично уште еднаш да се заблагодарам на сите оние кои допринесоа овој Ромски бал 2024 да биде настан на годината- објави Серџан.

Инаку, на 18-ти јануари во Скопје ќе одржи уште еден Ромски бал, во организација на Габриел Бајрам и Сојузот на Роми. Тој бал е наречен Светски Ромски бал, и најавени се голем број на музички ѕвезди, помеѓу кои Цеца Ражњатовиќ, Теа Таировиќ, Џогани, Таркан, и други.

Вики Клинчарова Фокус

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...