24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Невозможно е пасошите да важат по 12 февруари-Место да даваме лажна...

Османи: Невозможно е пасошите да важат по 12 февруари-Место да даваме лажна надеж дека ќе го смениме Договорот од Преспа, да го забрзаме издавањето пасоши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари. Ова е заклучокот од ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него, грчката страна има разбирање од македонската страна за техничките аспекти, но обврските од меѓународниот договор остануваат. На 13 февруари ќе се мисли што ќе се прави со лицата кои немаат пасоши.

<

Тоа е меѓународен договор, ратификуван во Парламент, не е одлука на Влада на државите. Најдобро, се договоривме да бидеме во секојдневна комуникација со грчката страна за граѓаните да немаат проблеми по 13 февруари, по однос на транспортерите, сообраќајните дозволи, пасошите“, рече Османи.

Според него, некоректно е граѓаните да седат без грижа и надеж дека државата ќе среди, па после да им се каже „не можеме“.

„За личните карти, законот заглави во Собрание. Тие рокови не се пресликани во законот за лични карти. За патни исправи и останатите документи, мора да важат до 13 февруари. Дајте да се организираме до 12 февруари да завршиме повеќе, а на 13 ќе мислиме што останало како проблем и како да го регулираме“, додаде Османи.

Османи кажа дека нема надеж дека пасошите ќе важат на 13 февруари, а кога Грција ќе ја информира ЕУ, пасошите нема да важат никаде.
Libertas

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...