16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонија50 ученици од Штип нема да го продолжат второто полугодие- Заминале во...

50 ученици од Штип нема да го продолжат второто полугодие- Заминале во странство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство.

<

Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип, Снежана Санева, вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

-Значи на ниво на Општина тоа се вкупно 50 ученици кои веќе нема да посетуваат настава. Инаку, да кажеме од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ имаме пријавено отсуство, меѓутоа, таму родители не образложиле зошто децата не посетуваат настава, таа бројка е некаде околу 25 ученици и да се надеваме дека ова второ полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редовно ќе ја завршат учебната година – изјави Санева.

Посочува дека нема училиште кое отскокнува, односно бројот на заминати ученици во странство во ова второ полугодие се движи од седум до десет ученици во секое училиште во Штип.

Лани наставата во второ полугодие не ја почнаа 81 ученик, односно нивните родители побараа исписници за заминување во странство.
Санева истакна дека од денеска нормално се одвива наставата во сите основни и средни училишта во Штип, функционира јавниот градски превоз, а училниците се затоплени за нормално одвивање на наставата

Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...