13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветВо Германија започнува тестирањето на четиридневната работна недела

Во Германија започнува тестирањето на четиридневната работна недела

Во 45 компании ширум Германија започна имплементацијата на четиридневната работна недела во која ќе се утврдуваат ефектите од четиридневната работна недела за платата како што беше во петдневната работна недела. Тестирањето ќе трае половина година.

Иницијативата за четиридневна работна недела е предводена од берлинската консултантска компанија Intraprenor во соработка со непрофитната организација 4 Day Week Global (4DWG). Застапниците за скратување на работната недела се надеваат дека тоа ќе ги направи работниците посреќни и попродуктивни во време кога растот на продуктивноста во Германија е бавен и има недостиг на работна сила.

Според податоците на Централната банка на Германија (Deutsche Bundesbank), врвот на продуктивноста во оваа земја бил во ноември 2017 година и оттогаш континуирано се намалува. Сепак, оваа продуктивност е сè уште далеку повисока од продуктивноста во другите големи европски економии.

Според поддржувачите на четиридневната работна недела и повеќето од оние кои имаа можност да работат четири дена во неделата, благосостојбата на работниците ќе се зголеми, што ќе ги направи попродуктивни. Се верува дека тоа би ги поттикнало оние кои не сакаат да работат бидејќи сметаат дека петдневната работна недела е предолга за да се вработат. Поради ова, постои можност за ублажување на проблемот со недостигот на работна сила.
Германската трговска и индустриска комора (ДИХК) во ноември 2023 година објави дека половина од германските компании се борат да пополнат работни места. Извршниот директор на ДИХК, Ахим Деркс, истакна дека илјадници непополнети работни места минатата година предизвикале загуба од 90 милијарди евра, што е повеќе од два отсто од БДП на Германија.

Според истражувањето на компанијата Форса, 71 отсто од вработените Германци сакаат да можат да работат четири дена во неделата. Повеќе од три четвртини ја поддржуваат одлуката на Владата да размислува за воведување четиридневна работна недела, додека двајца од тројца работодавачи ја поддржуваат и владината одлука.

Значително мнозинство (75 отсто) веруваат дека четиридневната работна недела би била пожелна за вработените, додека 59 отсто сметаат дека тоа би било прифатливо за работодавците. Речиси половина од работодавците (46 проценти) веруваат дека тестирањето на четиридневната работна недела е изводливо на работното место, пренесува Euronews.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...