13.8 C
Ohrid
сабота, мај 31, 2025
ПочетнаМакедонијаПотпретседателка на општина во Косово снимена како се дрогира. „Ме натераа“

Потпретседателка на општина во Косово снимена како се дрогира. „Ме натераа“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Порталот Национале објави видео на кое, како што тврдат, може да се види како Милетиќ консумира наркотици во тоалет и во општина Лепосавиќ. На второто видео се гледаат повеќе службеници, а меѓу нив и припадник на полицијата. Драгана Милетиќ прво ги отфрли ваквите тврдења и за тоа ја обвини Српска листа.

<

„Тоа е лага. Ова го измислуваат тие од Српска листа, за да ми го загрозат името и позицијата во општина Лепосавиќ. Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми прават, но ќе се борам до крај“, изјави Милетиќ за Национале.

Откако беше утврдено дека снимката е автентична, Милетиќ беше разрешена од претседателот на општина Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми. По отказот, таа самата го контактирала порталот Национале за да даде изјава во која тврди дека била „присилена“ да консумира дрога и дека ѝ се заканувале дека ќе ѝ ја бомбардираат куќата. Таа во исто време оваа информација му ја дала на обвинителството, пишува Косово онлајн.

Порталот Национале објави и видео на кое се гледа како неколку мажи, меѓу кои и општински службеници и полицаец, наводно консумираат наркотици.

Набргу потоа, Полицискиот инспекторат на Косово (ПИК) соопшти дека препорачал суспензија на полицаец во Лепосавиќ поради сомневање дека конзумирал дрога, напиша Коссев.

„Инспекторите на Полицискиот инспекторат на Косово покренаа истрага по објавувањето на нови снимки во медиумите, врз основа на кои се сомнева дека службеници од општина Лепосавиќ консумирале наркотици во објект на општината“, се наведува во соопштението.

Тие прецизираат дека истрагата ја почнале поради сомнение дека на објавените видеа може да има и полициски службеник.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...