20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Џафери најави решенија за проблемот со пасошите

Премиерот Џафери најави решенија за проблемот со пасошите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, најави дека на утрешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. До 12 февруари граѓаните треба да ги заменат патните исправи поради промена на името на државата Република Северна Македонија.

<

-Па мислам дека утре ќе се реферира по однос на гледиштата што сметаме дека е изводливо како конечна одлука и како би се спровело, а што би сметале дека е неспроводливо. Ќе треба да најдеме алтернатива кое би било решението, рече Џафери без да открие детали.
Со стари патни исправи ќе останат и нашите државјани во странство и не ќе можат да се вратат дома. Џафери потенцира дека државјанин на Република Северна Македонија и без ниеден документ ако дојде до граница за влез во државата – државата е должна да го потврди неговиот статус по однос на државјанството и доколку се потврди државјанството е должна да го пушти без ниеден документ.

-Имајќи предвид дека од надвор не може да се патува без никаков документ, државата има воспоставено мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва коишто имаат надлежност и обврска на таквите случаи да им издава соодветен документ за патување во еден правец за да можат народски кажано тие наши граѓани да се докопаат до институциите на државата внатре во државата и овде да се обезбеди итноста на издавањето, рече Џафери во интервјуто за МИА.

Посочи дека околу 10.000 граѓани дневно поднесуваат барања за пасоши, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни дозволи…

-И јас извадив една статистика, дневна фреквенција на барање на ниво на државата. Од прилика 10 илјади луѓе дневно имаат барања по однос на сите документи – лични карти, пасоши, возачки, сообраќајни, на ниво на државата. Затоа не е пречка доколку некаде во едно подрачје е преизразена бројноста на баратели организациски институцијата треба да води евиденција и ред, во смисла граѓаните да не чекаат редови на една точка, а другата точка да е празна цел ден. Да ги упатат граѓаните во соседната точка на апликација односно на поставување и извршување. Па добро, не мора да е најблискиот град. Скопје, на пример, има шест пункта. Ако во Кисела Вода е толку наплив, а во Бутел, или во Гази Баба или Центар тој што води постапка на пунктот треба да ги упати граѓаните, вели Џафери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...