15.9 C
Ohrid
недела, април 13, 2025
ПочетнаСветПремиерот на Етиопија им ја "зеде" Нобеловата награда за мир за која...

Премиерот на Етиопија им ја “зеде” Нобеловата награда за мир за која беа номинирани Заев и Ципрас,

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.

<

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

„Кога Абиј Ахмед стана премиер во април 2018 година, тој јасно стави до знаење дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо ги разработи принципите за мировен договор со кој ќе се стави крај на долгорочниот ќор-сокак меѓу двете земји“, соопшти Комитетот.

Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерот на Северна Македонија и поранешниот грчки премиер, беа номинрани за Нобеловата награда за мир за 2019 година поради Договорот од Преспа, со кој се надмина дводеценискиот спор за името.

Номинацијата на Заев и Ципрас на 18. декември минатата година во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Марко Пејчиновски со нов подвиг: Со пливање, велосипед и трчање ќе измине 106,8 км

Охриѓанецот Марко Пејчиновски, познат како детето кое го преплива Охридското Езеро, сега има нов предизвик. Тој живее со ретка болест на левата нога, која...

Најголемото велигденско јајце направено во село Ложани, струшко

Село Ложани од струшкиот регион оваа година се истакна со несекојдневен велигденски подвиг – изработено е најголемото велигденско јајце во земјава. Ова импозантно велигденско...

Денес, за 2 часа, 247 санкционирани возачи во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење

Денес, за 2 часа, 247 санкционирани возачи во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење Денеска (13.04.2025) од страна на Одделението за безбедност...

Пријави за учесниците во протестот кои го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер...