21.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ПочетнаВестиПочина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални
ВестиНајважниСвет
Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални
16.02.2024 12:51

<

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.

Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот.

Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“.

„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта”, се вели во соопштението на Федералната служба за извршување на кривични санкции.

Навални беше познат како остар критичар на Кремљ.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна за наводен екстремизам, како и голем број други обвиненија. Беше уапсен на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од последиците од наводното труење. За труењето беше обвинет Кремљ, кој негираше вмешаност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје...