20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветГрција ги легализира истополовите бракови

Грција ги легализира истополовите бракови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Грција станува 16. земја во ЕУ, 37. во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови
Грчкиот парламент синоќа со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските Сириза, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода го изгласа законот за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Грција станува 16. земја во ЕУ, 37. во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови.

Од вкупно 300 пратеници, колку што брои парламентот, гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а преостанатите го поддржаа законот.

Меѓу оние што гласаа против, освен пратеничките групи на Грчко решение, Комунистичката партија, Спартанци и Победа, имаше пратеници и од другите партии меѓу кои и од Нова демократија.

Веднаш по соопштувањето на резултатите, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис преку социјалната мрежа Икс истакна дека „Грција е горда што стана 16-та земја од ЕУ која ја легализира брачната еднаквост“, но и дека тоа ја отсликува денешната Грција: „прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...