13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаСветТурција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот

Турција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот

Турција испрати авион во шведскиот град Малме за да го преземе турскиот државјанин кому му е дијагностициран коронавирусот, а кого во Шведска одбиле да го примат во болница, јавува Агенција Анадолија (AA).

Емрула Гулушкен (47) е позитивен на коронавирусот, се јавил на лекар, но бил вратен дома. Неговите ќерки Самира и Лејла побарале помош преку социјалните мрежи, а на нивниот повик одговорил турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.

„Живеам со семејството во Шведска. Татко ми пред 11 дена доби температура и почна да чувствува потешкотии во дишењето. Се јавивме на лекар, но за жал, никој не дојде. Со денови се јавувавме повеќепати, но никој не одговараше на нашите повици“, вели во видеоснимката објавена на социјалните мрежи Самира Ѓулушкен.

Во меѓувреме, турската Амбасада во Стокхолм и Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници (YTB) стапиле во контакт со семејството Ѓулушкен. Министерот за здравство, Фахретин Коџа, разговараше со Самира и доби информации за здравствената состојба на нејзиниот татко.

Коџа потоа потврди дека во Шведска ќе биде испратен авион за медицинска евакуација и дека целото семејство ќе биде префрлено во Анталија.

Ќерката Лејла Ѓулушкен за АА изјави дека состојбата на нејзиниот татко вчера дополнително се влошила и дека повторно се јавиле во болница.

„Потоа пристигна брзата помош, со нас разговараа многу грубо, очигледно лути поради нашите повици. Рекоа дека не можат да сторат ништо против оваа болест. Рековме дека ни е познато дека сè уште нема лек за оваа болест, но дека нашиот татко треба да биде примен во болница за да не биде загрозено и нашето здравје“, рече Лејла Ѓулушкен.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...