33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време...

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница, сведочи таткото.

<

Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.

-Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.

Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

-Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа,вели таткото.

Од Фондот се правдаат дека барањето е одбиено затоа што не станувало збор за лекувањето во странство, туку за рехабилитација која не можела да биде покриена од ФЗО.

Ниту граѓаните а ниту семејството не отстапува од барањето, Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена.
Тв Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...