18.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаСветТрамп: Црнците ме сакаат бидејќи сум дискриминиран како нив

Трамп: Црнците ме сакаат бидејќи сум дискриминиран како нив

Кандидатот за уште еден претседателски мандат во Белата куќа тврди дека неговата поддршка меѓу Афроамериканците пораснала поради неговите четири кривични случаи и за тоа вели дека е – дискриминација.

Трамп ги спореди своите правни проблеми со историското наследство на предрасудите кон Афроамериканците во правниот систем на САД, пренесе Скај њуз

Вчера на годишната церемонија на Црната конзервативна федерација изјави дека црнците го сакаат затоа што поминале низ истата дискриминација како него.

„Кога бев обвинет по втор, трет и четврти пат, многу луѓе велеа дека затоа ме сакаат црнците. Тие исто така беа многу повредени и дискриминирани во правосудниот систем. Ме гледаа како да сум дискриминиран“, Трамп кажа.

Поранешниот претседател се соочува со обвиненија поврзани со обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, чување доверливи документи на неговиот имот на Флорида и наводно договорено плаќање на порно актерка. Четвртиот случај вклучува наводи дека смислил криминален заговор за да го поништи неговиот тесен пораз во државата Џорџија на изборите во 2020 година.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...