0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЛиберализмот е жив, да живее Бернард Шо

Либерализмот е жив, да живее Бернард Шо

spot_img

Голем триумф за либерализмот е кога полна сала конзервативци аплаудираат на единствениот кандидат на претседателска конвенција кој е либерал. Во позадина силно светат портокалова и светло сина боја.
Наместо да ги гледаме црната и црвената боја, наместо да се цитира Гоце, Чуповски и Мисирков, се цитира Бернард Шо. Кнедла во грлото. Триесет и пет години се боревме против сината боја. Илјадници Македонци поради црно црвената боја изгнија по затвори. Се сеќавам, во 1990 година кога како специјализант бев повикан од „професор со сина боја“, со дигнат прст ме праша „што бараш ти во таа терористичка организација“?. Колку само трнлив пат во кариерата имавме сите ние доктори во Клинички центар кои јавно се деклариравме како вмровци, поистоветувајќи го членството во ВМРО со патриозмот и континуитетот на идеологијата на нашите претци. Впрочем и во член 2 од статутот на партијата стои „ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси, негува европски демохристијански традиции и промовира универзални хуманистички вредности“. Немаше за нас лесен избор во наставни звања, дури ни ассистент не се стануваше лесно. Тие, другите, во сини униформи си напредуваа, стануваа декани и како доценти, професори, продекани, ректори, проректори… За нас, дебели досиеја од по илјадници страници, ни влегоа дома, во спалните соби, во канцелариите, секаде.

На нивните сѐ на тацна: докторати, бизниси, компании, фришопови, министерски фотељи, сѐ. Е, боли кога истите тие сега се на рејтинг листите на мојата партија. Истите тие за кои бевме „прости вмровци“ затоа што не знаевеме да користиме проекти од разни фондации, сега со гордо дигнато чело се меѓу нас. Тие повторно се ПРОФЕСОРИ, а ние само професори.

Боли кога без процедура, недели пред конвенцијата некој донел одлука, кога слушаш „ние решивме, затоа што профеосрката ќе победи“!!! Кој вие, кое тело на партијата. Не е спорно дека професорката ќе победи. Прашањето е дали и некој од другите 23 ќе победи. И дали поубедливо ќе победи и уште и сигурно ќе стане претседател. Барем уште 7 од „нашите“ ќе победеа ако им се дадеше шанса. Чудно е како илјадници патриоти во Македонија имаат проблеми сите 34 години, кој и да е на власт. Едните ќе те избркаат од работа, другите ќе те апсат. Едните ќе те апсат, другите наместо да те рехабилитираат, ќе ги стават синовите и внуците на првите за министри. Чудно, но ВМРО во минатото постави за министри многу од децата на тие што го апсеа и судеа Ченто. И, сега после 8 години процеси, апсења, живи луѓе јадење, повторно повик за помирување, „не е другиот наш непријател, туку е партнер“. Ќе си бидеме по народната „тепаниот тепан…“. Не, ќе биде исто како 1998 година кога не се побара отчет за приватизациите, исто како 2006 година кога не се побара отчет за „шиткањето“ на ЕВН, Окта, Телеком… Нема да се побара отчет за украдените пари, за насила сменетето име, за изгубениот идентитет, за голготата со личните документи, за живи изгорените, за 17.000 прекуемрни умрени за време короната. За 8 во истото време затворени пратеници од опозицијата, за 27 април. Не, тие ќе бидат наши партнери.

За мене е нејасно како и зошто 444 делегати аплаудираа на повикување на создавање на нов демос, на нова нација. Ја цитирам Гордана Сиљановска Дафкова „и таму сеуште нема европски демос, но се создава, истата таа лекција треба и овде да ја градиме ако сакаме хомо балканикус да биде хомо еуропикус…“ Треба ли да сфатиме дека ова „северномакедонци“ е како преод кон една нација во Европа, па потоа во светот. Тоа ли се новите вредности на ВМРО ДПМНЕ, на една конзервативна демохристијанска партија. Со вакви реторики да фати приклучок во современите светски процеси на глобализација. Ние македонците ли сме тие што први доброволно ќе се откажеме од својот идентитет како пример за другите. Сега, после 34 години тешко се прифаќа дека идеологијата ја нема, името на државата ни го сменија, нас македонците не ребрендираа во северномакедонци, боите на партијата ни ги ребрендираа, партијата ни ја презедоа. Светите букви ВМРО ги испоганија и ги искористија за правење кариери и пари. Едно е јасно, кој и да влезе во трката за претседател на Македонија, ќе биде од левите, од сино обоените. Се работи за нијанси на кандидати, кои ќе флертуваат со македонските интереси но ќе испраќаат силни пораки за поддршка кон глобалистите и „западот“.

Горд сум што барем досега јасно ги кажав македонските црвени линии, македонските витални интереси, македонските пријатели и македонските непријатели. Се плашам дека ќе се оствари предвидувањето на еден мој умен пријател – „следниот кој ќе дојде на власт ќе го изгасне светлото на Македонија“. Во држава во која владее светото тројство ДУИ, СДС, ДПМНЕ, на која демократијата им и мисловна именка, во која едните со автобуси носат луѓе кои потпишуваат во повеќе канцеларии, другите кои од сабајлето собираат потписи, а конвенцијата им е вечерта (Стево Пендаровски во Кисела Вода пред почетокот на конвенцијата на која беше избран за кандидат, веќе имаше собрано над 600 потписи) и во која третите се чудат како толкав број делегати гласале за единствениот кандидат (подзаборавивме кога КПЈ организираше слични избори па во светот се фалевме со 98 % излезност и 97,8% поддршка) ќе мора да се направи комплетно ресетирање, со комплетно нови политички субјекти, со способни луѓе кои си ја сакаат Татковината.

Вело Марковски,

кандидат за претседател на Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...