0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМЕПСО хакиран! Снабдувањето со струја не е загрозено

МЕПСО хакиран! Снабдувањето со струја не е загрозено

spot_img

Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер напад, но, како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.

Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронергетска инфраструктура не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.
Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени – наведува МЕПСО во соопштение.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...