23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПетровска: За годинава предвидовме 100 милиони евра за модернизација на Армијата

Петровска: За годинава предвидовме 100 милиони евра за модернизација на Армијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во интервју за „Независен.мк“ министерката за одбрана Славјанка Петровска меѓудругото зборуваше и за планот за набавка на оружје и опрема за модернизација на македонската Армија.

<

„Целосната модернизација на армијата е предвидена во долгорочниот план за развој и „според проценките направени тогаш, требаше да чини околу 900 милиони евра. Но, цените на воената опрема се зголемуваат, па правиме нови проценки за тоа што треба и кои капацитети треба да ги зајакнење и сето тоа да го рефлектираме во буџетот на државата. Овој буџет што го имаме сега од 2,05 проценти од БДП што е е над границата да биде доволен за тие потреби, но поради растот на цените и случувањата во светот ќе треба малку позабрзано да ја спроведуваме модернизацијата така што голема е веројатноста идната година да ни требаат уште повеќе сретства за одбраната“ – рече Петровска.

Таа посочи дека сите процеси, а особено крупните набавки што се предвидени и што значат драстична промена на капацитетите на армијата, се одвиваат според планот.

„Неодамна добивме позитивна вест од САД дека ни беше одобрена набавката на лесни оклопни возила JLTV и на противоклопни системи “Javelin” , а вчера на седница на влада го предложив договорот за набавка на хеликоптери. Изминатиот месец интегрираниот проектен тим што беше задолжен за оваа набавка интензивно работеше на договорот и на финалните преговори со компанијата „Леонардо“, така што тој процес успешно е завршен, постигната е поволна цена и е обезбеден поголем квалитет со обезбедената дополнителна опрема. Цената за сите осум хеликоптери е 230 милиони евра и ќе се плаќаат постепено, а ќе бидат испорачани од август 2026 до 2028 година“ истакна министерката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...