15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСлободан од Скопје кој е самохран дедо низ солзи: Ќе ме избркат...

Слободан од Скопје кој е самохран дедо низ солзи: Ќе ме избркат од работа зошто внуката, ова прекрасно детенце не ја примаат во градинка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопјанецот Слободан Маџовски е самохран дедо кој единствен се грижи за својата 6 годишна внука Ана, бидејќи нејзината мајка е ставена во здравствена институција поради алкохолизам.

<

Маџовски сега е очаен бидејќи не може да ја испрати во градинка својата внука, бидејќи не ја примаат поради немање на трета доза на вакцина, и стравува дека поради чување на внуката ќе ја изгуби и работата и единствената егзистенција за него и за Ана.

„Јас се грижам за внуката бидејќи нејзината мајка е на лечење во Бардовци. Целиот проблем настана затоа што таа цело време бараше работа, таа е професор по македонски јазик, беше игнорирана и најде утеха во алкохолот, па сега од август е на рехабилитација“ вели Слободан за Телевизија 24 и додава:

„Детето го прифатив зошто нема кој да се грижи, но во градинка ми ја одбија пред два дена. Јас одам на работа, а ако не продолжам да одам ќе ме отпуштат. А мора да одам зошто со тие пари јас ги издржувам и ќерката и внуката. Ако останам дома ќе бидеме на работ на егзистенција. Ние мора да го продолжиме процесот за конечна вакцинација, тоа не е спорно, но ова е траума за едно дете од 5 години што го бркаат од граднинка. Јас сум човек кој прележал два рака, дури два пати ме прежалија, во живото имам многу претрпено, но нема да се предадам. Јас велам ја сум ѕверка, нема да умрам, се ќе дадам за нејзе зошто немам друг, а и таа нема друг, толку сме“ посочи Маџовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...