13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаБојмацалиев: МВР е во топ 3 институции по доверба и транспарентност

Бојмацалиев: МВР е во топ 3 институции по доверба и транспарентност

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Прес24 беше запрашан за функционирањето на МВР во техничка Влада.

„Техничката влада има примарен мандат и обврска да обезбеди одржување на фер и демократски избори каква што и доликуваат на демократска земја, членка на НАТО, земка која го помина и скринингот за почеток на преговорите и чека да го започне својот европски пат. Секако тука се подразбира и редовното функционирање на институцијата која е задолжена примарно да ја обезбеди безбедноста и сигурноста на сите граѓани и целото општество и МВР од 2017 наваму па и во техничката влада го испорачува тоа. МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните“ институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг”, потенцираше Бојмацалиев, додавајќи дека одлуките во МВР се носат врз основа на законските обврски.

„Како функционери сме тука на сите потреби на граѓаните бидејќи тие се оние кои не плаќаат и очекуваат да ги вршиме услугите и задачите кои се пропишани со делокругот на нашите обврски. МВР функционира реформирано и насочено кон потребите на граѓаните. Ќе биде гарант на одржување на фер и демократски избори. Одлуките во МВР и овој период на техничка влада се носат во рамките на законските обврски и во полза на граѓаните и веуваме ќе продолжи до завршување на мандатот на техничката влада”, истакна Бојмацалиев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...