20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска се одбележува светскиот ден на луѓето со Даунов синдром

Денеска се одбележува светскиот ден на луѓето со Даунов синдром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нека биде секој ден 21 март, не само за лицата со Даунов синдром, за лицата со посебни потреби.
Ова е пораката која Сузана Стојановска, мајка на 20 годишниот Никола ја испраќа на Меѓународниот ден за подигање на свеста за Даунов синдром. Таа за Канал 5 раскажува дека иако животот како родител на дете со Даунов синдром носи свои предизвици, ако се пружи рака, поддршка и љубов секое дете може да напредува. Никола оваа година ќе биде матурант во Средното фискултурно училиште и тој обожува да спортува и да се дружи со своите пријатели. Па така Стојановска како предизвик за социјализација на децата со Даунов синдром, го издвојува немањето на социјален клуб за дружба и апелира до Општините да овозможат ваков соодветен простор.

<

-Да им подадеме рака зошто навистина многу можат. Можат да напредат ако им се пружи можност и ако им се даде шанса. Немаме социјални клубови, клубови за деца со посебни потреби каде би можеле да се дружат. Имаме многу млади луѓе со типичен развој кои би сакале да ги дружат или да излезат некаде или нешто да направат каде да се соберат. Треба секоја општина да си одреди простор каде наменски лицата со посебни потреби би можеле да се дружат.

Стојановска и со порака за сите родители кои имаат деца со Даунов синдром да си пружаат меѓусебна поддршка , бидејки вели дека во државата се лимитирани можностите за институционална родителска поддршка.

– Тоа е еден од поголемите проблеми кај нас што нема родителска поддршка на младите родители, затоа би им порачала држете се до нас ветераните ќе ви го покажеме правиот и полесниот пат како детето да го изведете на прав пат и да го социјализирате.

Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, симболично е означен на 21-виот ден од третиот месец во годината, за да одбележи уникатноста на трипликацијата на 21-виот хромозом кој предизвикува Дауновиот синдром.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...