0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден во Егејска Македонија,Грчките андарти го запалија Загоричани

На денешен ден во Егејска Македонија,Грчките андарти го запалија Загоричани

spot_img

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Грчките андарти го запалија Загоричани, а 60 жени, деца и старци беа масакрирани
На 25 март 1905 во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200-300 души го нападнаа селото Загоричани од сите страни. Најнапред слушнале како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде.
Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души.
О, Боже! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни.
Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село!
Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на вандализмот. Секој што падна во нивните безмилосни раце беше убиен.
Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари.
Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!
Список на убиените
Ноле Дуков;Христо Темов;Таси Рапов;Димитар Кондев;Мите Лазов;Дине Цуцулев-Даскало;Кузо Самарџијата;Кузо Дрендов;Иван Колокотронкин;Дине Колев-Бушунанчев;Јани Канѕов;Коле Јунако;Христо Канѕов;Филе Ѓончев;Ицо Маразето;Син му Стојан;Мите Филцов;Јако Евреинот;Миште Јоткин;Пандевица Миталкова;Стојан Костандов;Трпа – жената на убиениот Васил Чичов;Кирјако Сапунаров – Палјачо;Тана – ќерка на Јане Канѕов;Петар Шпатов;Ангелина – ќерка на Кузо Самарџијата;Ноле Манчев;Елена – ќерка на Кузо Самарџијата;Гиро Василев – Моди;Марија – ќерка на Кузо Самарџијата;Мите Погончев;мајка им Султана;Петар Мацурев;Поп Стефан;Сидо Вулев;Вангел Гацов;Никола Блачев;Никола Костандов;Син му Георги;Кузо Нанов;Марко Вангеловски-Калфата;Кузман Костандов;Јане Курувешов;Мите Шклифа;Гило Курувешов Ванук Киров;Таси Курувешов;Коле Илко Дуков;Зисо Димовичин;Васил Чичов;Син му Петре;Наум Мишков Драшката;Јане Зафираков;Андон Печитиков;Мите Констандинкин;Јанчо Туруфиев;Георги Ронза;Наки Калешин ;Георги Тагаров;Коста Шефов, меѓу кој имало жени и деца најцверски убиени.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА !

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...