19.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаНотарка од Куманово заверила договор за пушка на лице без дозвола

Нотарка од Куманово заверила договор за пушка на лице без дозвола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шеесет и тригодишна нотарка од Куманово доби кривична пријава под сомнение дека заверила договор за купопродажба на ловечка пушка на лице кое не поседува дозвола.

<

СВР Куманово – Отсек за економски криминал поднесе кривична пријава против Ј.М. (63) од Република Србија, со место на живеење во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информираат од кумановската полиција.

Пријавената, додаваат од полицијата, нотар именуван на подрачје на Куманово, заверила договор за купопродажба на ловечка пушка на лице кое не поседува дозвола за поседување на тој тип на оружје и на тој начин постапила спротивно од член 35 од Законот за оружје, според кој е утврдено дека оружје може да се продаде на лице кое поседува одобрение за набавување на оружје, како и од став 2 на овој член дека заверка ја заверува нотар со кое покрај други податоци треба да се внесат и податоците на одобрението, односно дозвола издадена од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...