14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради паричен долг кавадарчанец избодел сограѓанин

Поради паричен долг кавадарчанец избодел сограѓанин

spot_imgspot_img

Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци“, појасни Додевски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Повредениот бил задржан во станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...