3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонија25 години од загинувањето на Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта

25 години од загинувањето на Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта

На денешен ден во 1999 година кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта.
Ден денес за смртта на Благојче, професионален војник во АРМ и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче.

Според колегата, пред завршувањето на смената заминал да се бања, а во тоа време Благојче го поправал неговиот часовник на балконот бидејќи знаел да поправа некој проблеми на часовниците за кои се интересирал уште од детството. Кога колегата излегол од бањата се слушнале неколку кратки рафали од автоматско оружје, тогаш Благојче ја зел пушката, и тоа без снајпер, и трчал кон местото, а колегата бил едно 200м зад него. Колегата неколкупати свикал кон Благојче да се врати бидејќи можно е да биде стапица. Благојче одби и рекол:

“Нема што да чекаме, должни сме да ја браниме нашата татковина!”

Крстаноски застанал на една карпа во лежачка положба и го барал напаѓачот. Напаѓачот бил под карпата и го пукал со скорпион со придушувач во градите. Дури и кога неговиот колега пристигнал со трчање не го видел сторителот воопшто. После неколку дена односно кога му направија обдукција на телото на Благојче, неговиот колега рашетувајќи го теренот околу карпата наоѓал чаури под карпата, идентични на тие што кога се пукало во Благојче. Тогаш бараа отпечатоци, но никако не можат да најдат, што претпоставката повеќе води кон тоа дека ова дело е сторено професионално. Ден денес колегата му го чува часовникот облеан со крв и се колни дека никогаш нема да ја избриши кртвтата. Сторителот на ова дело никогаш не е фатен.

При одбележувањето на годишнината од неговиот прерано згаснат живот, кумот на Благојче кој истовремено му бил мајор, изјавил дека тој, денови пред да се случи убиството, бил дојден на боледување. Беше болен и се лечеше во касарната. Кога Благојче се поздравил со кумот му рече: „Господине мајоре, куме јас утре заминувам на караула“. Мајорот му наредил да остане, за да не биде терет на старешините и на другарите. Благојче го одбил со зборовите: „Јас не можам да ги оставам другарите“, при што заминал.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Во 2017 во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски.

Вечна му слава!!!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...