15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Пендаровски се фали дека не крадел, а кампањата му ја финансираат...

Мицкоски: Пендаровски се фали дека не крадел, а кампањата му ја финансираат со украдени пари

Многу е тажно и во исто време поразително, што единствената работа со која може Пенрадовски да се пофали за својата работа како претседател и која сам ја потенцира е дека не крадел. Замислете, тоа што треба да биде нормала, една нормална вертикала во работењето на еден претседател, Стево Пендаровски тоа го претставува како исклучителен дострел во неговото функционирање како претседател, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање пред присутните граѓани на народнтиот собир во Виница.

Мицкоски посочува дека кога ова го зборува Стево Пендаровски на настан во салата Борис Трајковски, единствено не аплаудира Миле Зечевиќ, затоа што знае дека изборната кампања за втор претседателски мандат, му ја финансира со украдени народни пари од наместени тендери.

Ама, заборава Стево дека кога ја кажа оваа досетка во салата Борис Трајковски аплаудираа тие малку мина и се смееја кои што сеуште го поддржуваат. Ама, еден молчеше, не аплаудираше. Тој знае што кажал Стево Пендаровски, тој кажал дека во суштина пет години ништо не направил, ама бидејќи ништо не направил, тогаш немал ни можност да краде. Ама тие кои му аплаудираат, кој што се дел од владата на СДСМ и ДУИ биле лопови и краделе изминатите шест и половина година. Тоа лице кое не аплаудираше се вика Миле Зечевиќ. Зошто Миле не аплаудираше? Затоа што знае Миле како му ја финансира кампањата на Стево Пендаровски. Со криминални тендери изминативе шест и половина години. Значи Стево не крадел, ама кампањата му ја финасираат со украдени народни пари“, рече Мицкоски повикувајќи ги македонските граѓани на 24 април масовно да излезат на гласање и со пенкало, оваа опција да ја испратат во политичка пензија.

Понатаму, Мицкоски потенцираше дека, професорката Силјановска Давкова е со спротивно на она што до сега беше Пендаровски и дека таа е опцијата која е поддржана од граѓаните и која сака промени за Македонија да не биде опљачкана и омаловажена, туку повторно да биде горда.

„Втората опција која што ја поддржуваат граѓаните е опцијата која што ја претставува професорката Гордана Силјановска Давкова, опцијата околу која се обедини коалицијата „Твоја Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е опцијата која што сака промени за да Македонија не биде опљачкана, да не биде понижена, омаловажена и клекната на колена како што е сега“, посочи Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела пак го искара Талат: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

Кавгата на релација технички премиер Талат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена. Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат...

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...