14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаВанковска: Само јас сум против Бугарите да влезат во Устав

Ванковска: Само јас сум против Бугарите да влезат во Устав

Кандидатката за претседател од Левица, професорката Билјана Ванковска денеска во Тетово, одржа народен собир на која беше претставена изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“.

Таа рече дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.
Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога еден од противкандидатите зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд. Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња од улици од социјални мрежи. Тоа што го кажа Апасиев ‘Ќе ги растуриме на дебати’ ги уплаши. Така што сега бегаат од мене и од соочувања“ рече Ванковска.

Таа додаде дека понатаму сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат. „На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“, рече Ванковска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...