6.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО...

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција.

<

Тој објасни дека овие лица, во период од јуни 2022 година до минатиот месец добиле незаконски парични средства во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2,5 милиони евра.

– Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата – изјави Велковски.

Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.

За овие лица, веќе се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Велковски појасни дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

– Се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци – додаде Велковски.

Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат меѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.

– Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што дополнитело го наметнува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права.

Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден, а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер – посочи Велковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ „удри“ по тетовска Шкендија: Oгледаjте се на Шкендија Арачиново

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на...

Лена од Кочани бара психолошка помош за нејзиниот син Александар кој помагал цела ноќ за вадење на жртвите од Пулс

На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена Мишева се огласи со апел за помош во кој вели: Сакам да дојде до знаење дека мојот...

Лажни хуманитарци од врата на врата собираат донации за настраданите и повредените во „Пулс

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар...

Уапсен член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека на 30 март 2025 година е уапсен полициски службеник осомничен за оддавање службена тајна. Според информациите, станува...