15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се...

Филипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се видел готов. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МАРКУКУЛЕ – Тука вистината ви е на дланка.

<

дома Вести
ВестиМакедонија
Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО)
од страна на markukule- 04.05.2024

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во јули 2021 година при увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави дека „крајниот рок за завршување е јули 2023 година, но неговите очекувања се дека патот ќе биде готов пред рокот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите според нив се завршени над 90%.
Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.

Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во јули 2021 година при увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави дека „крајниот рок за завршување е јули 2023 година, но неговите очекувања се дека патот ќе биде готов пред рокот.

Како што може да се заклучи, во месец мај 2024 година, ветувањата на Бочварски не се оствариле, и претставуваат уште една лага. Возењето по ова делница не претставува ништо друго туку уште еден предизборен маркетинг од страна на Филипче и Бочварски, затоа што секој краен рок за изградба на овој пат е пробиен и секоја изјава на Бочварски за завршување е следна година.

Она што треба да се напомени е фактот што ова делница започна да ја гради претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биди готова до 2020 година. Имено, најавите од тогашниот министер за транспорт и врски, а актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски, изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, што се одвива во три фази, требаше целосно да заврши „за три до четири години“, односно во периодот 2019 – 2020 година.
Видео Тука https://www.facebook.com/share/v/hJVjHnuAeQSpHmkn/?mibextid=qi2Omg

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...