2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаИНЦИДЕНТ ВО КРУШЕВО: Петмина коњаници се тепале со крушевчанец, полицаец пукал во...

ИНЦИДЕНТ ВО КРУШЕВО: Петмина коњаници се тепале со крушевчанец, полицаец пукал во воздух

spot_imgspot_img

Во Крушево на Гумење ноќеска се тепале коњаници од Скопско Лисиче, а полицаец пукал во воздух да ги смири, потврдуваат од полицијата.

Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролирал на местото викано Гумење, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К од една страна и петорица скопјани од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе. Скопјаните биле дојдени од Лисиче со коњаницата. Полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.

Дека имало инцидент на социјалните мрежи објави и градоначалникот Томе Христоски од СДСМ .

„Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево? И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на ,,Гумења” моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите. Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода? Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?“, напиша Христоски.

 

Тој порача дека во Крушево нема место за насилници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...