9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитров - Заедничката историја ќе ни се насмевнува ако чекориме на патот...

Димитров – Заедничката историја ќе ни се насмевнува ако чекориме на патот на пријателството

spot_imgspot_img

Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод тригодишнината од потпишувањето на Договорот за за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си”, непознат автор. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе не’ носи напред, напиша Димитров.

Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...