19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДарјан Мирчевски – македонски математички талент

Дарјан Мирчевски – македонски математички талент

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дарјан Мирчевски, ученик во 7-одделение постигна два нови големи успеси квалификувајќи се во финалните рунди на меѓународни натпревари по математика.
Дарјан во март учествуваше на IMEC Olympiad (International Mathematics Exam Center Olympiad) каде што освои Златна награда и обезбеди учество во финалната рунда која ќе се одржи од 12 до 17 август во Лондон. На Тashkent International Mathematics Olympiad (TASIMO) обезбеди пласман во финалната рунда на оваа математичка олимпијада која ќе се одржи од 14 до 18 мај во Ташкент.
Сепак, од финансиски причини, Дарјан годинива најверојатно ќе има можност да учествува само во финалната рунда на Коперникус олимпијадата која од 14 до 18 јули ќе се одржи на Колумбиа универзитетот во Њујорк каде што ќе има можност да се натпреварува со 1.000 млади таленти по математика од 30 држави. Директното учество во финалето на овој престижен натпревар го обезбеди преку Internationaln MathChallenge во Тајланд, каде што освои Сребрене награда во конкуренција на над 8.000 деца од 88 држави.
Претходно, Дарјан освои уште една Сребрена награда и тоа на меѓународниот
натпревар Fall StemCo Mathematics Primary Senior од Сингапур, како и пласман во
финалето на RSM International Math Contest во конкуренција на 20.000 учесници, а
во финалната рунда освои пофалница.
Во рамки на домашните математички натпреварувања, Дарјан Мирчевски
оваа година освои први награди на општинскиот и регионалниот натпревар по
математика организиран од Сојузот на математичари на Македонија.
Оваа е исклучително успешна година во која освои: златна награда на меѓународен натпревар, две сребрени награди на меѓународни натпревари, две први награди на домашни натпревари и три учества во финални рунди на меѓународни натпревари.
Следува натпреварот на Коперникус олимпијадата на Колумбија универзитетот.
Mkd.Mk

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...