26.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде вчера беше пренесена од манастирската црква „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а во присуство на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Епископот Делчевско-Каменички Марко, поздравно слово одржа епископот Стобиски Јаков.

<

-Еве не не само денес, туку и вчера и завчера,одиме по стапките на нашите предци, нашите татковци, мајки, баби и дедовци, кои чекореа по Мајката Христова и Мајката наша и никогаш не оддалечувајќи се од неа, заради тоа што нашиот народ многу добро знае дека оддалечувајќи се од Пресвета Богородица, се оддалечуваме од оној што го држи во своите мајчински прегратки, рече епископот Јаков.

Литијата почна вчера со Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и изнесување на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка. Со свечена литија иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, а иконата беше оставена за поклонение на верниците.

Пред седум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...