20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаМицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и...

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, притоа повторувајќи дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Мицотакис посочи дека станува збор за „изјави на мандатарот за премиер“ и дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата Влада, но потенцираше дека „првите примери на однесувањето се исклучително негативни…

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, притоа повторувајќи дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Мицотакис посочи дека станува збор за „изјави на мандатарот за премиер“ и дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата Влада, но потенцираше дека „првите примери на однесувањето се исклучително негативни“.

– Во јадрото на Договорот на Преспа се наоѓа смислата на едно име, она што го нарекуваме ерга омнес, името Северна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во надворешноста и во внатрешноста на земјата, рече Мицотакис.

Потсети дека тие ние не гласаа за Договорот од Преспа, бидејќи имаа приговори „за фактот што овој Договор обезбедува македонска нација и македонски јазик“, што воедно, според Мицотакис било и главната причина зошто не го поддржаа Договорот.

-Во прашањето за името има едно јасно уназадување и сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, уште од сега, да ја смени нејзината линија, да ја почитува централната одредба на Договорот од Преспа, да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата кога станува збор за нашиот северен сосед, а во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми, не само во односите со Грција на Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија, истакна Мицотакис.

Се осврна и на реакциите од ЕУ за употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова на инаугурацијата, откривајќи дека „беа резултат на интервенциите на грчката Влада“, дека „тоа не дојде само по себе“, туку тој лично интервенирал за да го информира раководството на Европската Унија, а ги посочи и реакциите од САД.

-Па така верувам дека ќе има колективен притисок врз раководството на Северна Македонија за да не постои значајно уназадување, рече грчкиот премиер.

Во утринското интервју за ЕРТ, Мицотакис ги повтори и следните чекори на Владата, односно реакцијата на официјална Атина, она што и вчера го порача од митингот во градот Верија, дека нема да се ратификуваат меморандумите и дека ќе има проблеми на патот на земјата кон ЕУ.

– Она што сигурно ќе го сториме е дека нема да ги донесеме за ратификација трите меморандуми што произлегуваат од Договорот и сега целосно се оправдува нашата позиција да го задоцниме ратификување. Ние веќе извесно време гледавме што се случуваше во Северна Македонија, го слушавме овој националистички пароксизам на ВМРО, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме и ние да задржиме некои суштински преговарачки оружја во случај работите да не одат како што се очекува, рече Мицотакис, пренесе МИА.

Ја коментираше и одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот трите меморандуми, велејќи дека е „несфатливо на границите на политичкиот и дипломатскиот апсурдност“, сега да се достават, во моменти кога „Скопје следи целосно различна линија“.

-Второто што ќе го направиме, веќе го сторивме, апсолутно јасно да ставиме на знаење дека никаков напредок во овој, би рекол, долг пат на Скопје кон Европа, не може да се постигне. ако не постои апсолутно усогласување со Договорот од Преспа во прашањето со името, истакна грчкиот премиер.

Интервјуто за ЕРТ рано утрово во кое Мицотакис говореше за сите актуелни прашања во Грција, започна токму со односите со Северна Македонија и Договорот од Преспа.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...