Дури 31 ден траеше неговото хуманитарно патување при што собра 31 милион српски динари за децата од оноколошкото одделение во Белград..
Како што пренесуваат српските медиуми таму го чекало неговото семејство, сопругата Бојана со децата, мајката Славица и братот Марко, а пејачот со световна песна и боси нозе пристигнал во манастирот.
Како што понатаму се наведува, тој прво ги бакнал иконите, а потоа и моштите на Свети Нектариј. Никола тогаш изјави дека е пресреќен.
Никола Роквиќ со сопругата Бојана ја основаа фондацијата „Фемили“ во чии рамки ќе им помагаат на болни деца и талентирани деца на кои им е потребна финансиска помош. Токму тоа беше крајната цел на патувањето, да собере средства кои ќе бидат наменети за онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Белград.