19.9 C
Ohrid
среда, јуни 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков: На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит...

Пецаков: На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет

На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет. Денес ја имаме честа, пред нивниот паметник, како охриѓани и македонци да го славиме споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, на нивната несебична работа и визија.

Создавањето на Глаголицата и ширењето на писменоста меѓу Словените значеше почеток на нова ера, .ера во која словенските народи добија можност за образование и духовно воздигнување. Оваа дејност продолжи и се усоврши преку учениците Свети Климент и Наум Охридски, кои токму тука во Охрид го создадоа најважниот културен и образовен центар на средновековниот свет – Охридската книжевна школа. Овој центар не само што бил светилник на знаењето и духовноста, туку и место каде што се создавала и пренесувала словенската писменост.

Како една нова генерација, која се соочува со бројни актуелни промени и идентитетски предизвици, од особена важност е да го чуваме и славиме делото на Свети Кирил и Методиј и да ја почитуваме нивната света мисија. Тие ни покажаа дека образованието и културниот развој се основата на секое општество и дека преку знаењето и мудроста можеме да изградиме подобра иднина за сите нас. Нека Светите браќа продолжат да бидат наша инспирација во сите понатамошни чекори на патот кон подобра иднина.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина претепан затвореник во Идризово, ОЈО ќе го истражува случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став...

Правдата ја стигна: Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари ги потпиша разрешувањата на осум економски директори на клиники во Скопје, кои беа вршители на должност. Меѓу нив е...

Од 84 илјади, за гласањето во недела во СДСМ пријавени се само 22-23 илјади членови

Од 84 илјади, за гласањето на 30-ти јуни за нов лидер на СДСМ пријавени се само 22-23 илјади членови. За ова проговори и кандидатот за...

Осум нови пратеници на местата на оние кои станаа министри

Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу...