7.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГаши го прекрши законот ќе има и преставка- Заклетвата требаше прво требаше...

Гаши го прекрши законот ќе има и преставка- Заклетвата требаше прво требаше да ја прочита на Македонски, па на Албански !!!!

Пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска соопшти дека веќе поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требал да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.
Законот за употребата на македонскиот јазик е резултат на нашите заложби и политики за афирмација и правилна употреба на македонскиот јазик. Не може и не смее да се премолчи скандалозно дадената свечена заклетва, од, сега првиот човек на македонското Собрание. Затоа веќе поднесов претставка до Секторот за инспекција при Министерство за култура и понатаму ќе ги користам сите механизми кои се во моментов на располагање за заштита и начинот на употреба на македонскиот јазик. Очекував дека и сегашната претседателка на државата Сиљановска-Давкова со која тогаш во улога на пратеник заедно го доусовршувавме текстот на Законот за употреба на македонскиот јазик ќе реагира на ваквото однесување и дека најостро ќе го осуди чинот на недавање свечена заклетва на првиот официјален јазик во државата, изјавила Костадиновска-Стојчевска за „Слободен печат“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...