18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаМладиот мозаист Мишо Стојановски од Куманово со нова награда во Италија

Младиот мозаист Мишо Стојановски од Куманово со нова награда во Италија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мозаикот „Метемпсихозис“(Мetempsicosis) на младиот кумановец Мишо Стојановски, магистрант на престижната Ликовната академија во Равена, Италија, ја освои втората награда на Фондацијата Паолина Бруњатели од Милано, која ги поддржува младите таленти во науката и уметноста.
Фодацијата е основана во 2010 година, на иницијатива на проф. Паолина Бруњатели и секоја втора година наградува еден млад лекар или истражувач кој се истакнал во областа на истражување или третман на очни болести и една селекција на млади уметници кои особено се истакнале во областа на фигуративните уметности.

<

„Фондацијата Паолина Бруњатели досега промовираше и спонзорираше бројни иницијативи во научните и уметничките области. Од 2010 година до денес има наградено бројни талентирани млади медицински истражувачи, како и перспективни уметници од академиите за убави уметности во Равена и Палермо. Затоа, чест ми што сум дел од наградените и тоа ми дава поттик за нови творечки потфати“, вели исклучително талнтираниот мозаист Мишо.

На овогодишното доделување на наградите во Равена, покрај неговата втора награда за мозаикот направен од материјалите пасти витреи, стакло и мермер, првонаградена е Франческа Фантони , а третонаградена Џорџа Барончели.

Ова не е прва награда на Стојановски во уметничките кругови и на престижните конкурси во Италија. Минатата година, тој беше победник на конкурсот за мозаик „Илустрирање на комедијата: Пеколот“, во Равена, посветен на 700-годишнината од смртта на најпознатиот италијански поет Данте Алигиери, кога ја воодушеви еминентната жири комисија и публиката. Неговиот мозаик, насловен „Без надеж“, инспириран од стиховите на Алигиеровиот „Пекол“ од ненадминливото дело „Божествена комедија“ беше прогласен за најдобар меѓу делата на 9-те финалисти на конкурсот, чиј покровител е Ротари клубот од Равена.

Речиси во исто време ја доби награда за уметничко дело со најдобар современ истражувачки пристап за неговиот мозаик „Conflictus“ на 19-то издание на Саемот за уметност во Форли, Италија (Vernice Art Fair).

Минатата година ја освои и втората награда за своето графичко дело „Адамус“ на Ликовната академија за убави уметности од Фиренца, која по повод 110-годишнината од основањето на својата графичка школа го организираше конкурсот за Меѓународна награда за графика.

Младиот Мишо Стојановски го трасира својот уметнички пат на италијанската и европската ликовна сцена и се истакнува по своите креативни и оригинални дела, усовршувајќи се во Равена. – светска престолнина на мозаикот и на равенската ликовната академија која е единствена во Италија за изучување на мозаикот. Наградите во „меката“ на уметноста и од еминентните и потврдени уметници се уште еден доказ дека нашиот Мишо допрва го очекува уметничка кариера и вредни достигнувања со кои можеме да се гордееме.
Kumanovonews.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...