14.9 C
Ohrid
недела, октомври 6, 2024
ПочетнаМакедонијаГорди сме на нашата олимпијка Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија...

Горди сме на нашата олимпијка Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024

Горди сме на нашата олимпијка Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.

Денес имав можност да се запознаам со нејзините досегашни спортски успеси кои се вредни за почит. Навистина сум среќен што Охрид може да се пофали со уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот.

Упатувам срдечни честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во иднина. Општина Охрид во континуитет дава поддршка на спортот и особено е посветена на поддршка на талентирани спортисти кои остваруваат големи успеси.

Младата 22-годишна Анастасија Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени – 60 истрели. Според програмата на Олимписките игри, македонската олимпијка ќе го има својот настап на 28 јули 2024 година.
Мојсовска е член на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје и е повеќекратен Државен првак и рекордер на Македонија со високи резултати на меѓународните натпревари. На последниот Светски куп во Минхен, Германија, таа постави државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој беше конкурентен за влез во финале на Летните Олимписки игри.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од срце за нашата Бојана: Во селото Лескоец беше одржана првата хуманирана изложба на книги.

Охриѓани многупати до сега ја покажеле својата хуманост и слога, но овој пат онаму каде што е најпотребно, за нашата Бојана, на која и...

Кенијците Чемвено и Џеруто победници на Скопскиот маратон, Ивановски трет а Поп Арсова истрча втора

Побединик на годинешниот Скопски маратон е Хилари Чемвоно од Кенија. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на...

19 годишниот А.Б бил мета на вечерашното пукање?!

19 годишното момче А.Б е тешко повредено по вечерашното пукање во скопски Чаир, дознава 4NEWS.mk од свои извори. Врз 19 годишникот во моментов се извршува...

Трагедија во Гостивар – Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг

На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во...