6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветОтидов во Виена за да чувам деца за 1.000 евра, а таму...

Отидов во Виена за да чувам деца за 1.000 евра, а таму ме силуваа. Секоја вечер друг маж“

„Кога по едно од многубројните силувања ме претепаа толку многу што не можев да станам, знаев дека морам да бегам“ – вели несреќната девојка.

Катарина (16) прифатила повик од непозната жена во Виена да работи два месеци како бебиситерка за 1.000 евра. Но, наместо во Виена, завршила како жртва на трговија со луѓе во кафана покрај автопат, каде што ја силувале и ја терале да се занимава со проституција.

„Сè започна еден ден кога во куќата се појави жена која тврдеше дека ѝ е потребна бебиситерка за своите деца во Виена. Татко ми не сакаше да ме пушти да одам, му беше сомнително, но мајката ми беше упорна. Веруваше дека тоа е вистинска можност за мене, а јас ѝ верував неа“ – раскажува несреќната девојка.

По многу негирање добила потврден одговор и од нејзиниот татко кога им биле понудени 1.000 евра однапред. Катарина била пресреќна, не знаејќи деа во тој момнет почнува вистинскиот пекол за неа.

„До Виена не стигнавме. Жената која ме врбуваше ме однесе во една кафана на автопат каде што чекаше еден маж. Ме погледна и кажа дека добро избрала жената, дека ќе бидам добра за на шипка. Во тој момент сфатив што се случува“ – вели Катарина.

Во текот на ноќта ја терале да работи на шипка и да се соблекува. А потоа доаѓало најлошото.

„Ме даваа на муштерии кои со мене правеа што ќе посакаа. А кога ќе се обидев да се одбранам, ќе дојдеше еден човек кој ме држеше затворена и ќе ме претепаше, често и ќе ме силуваше за да ми покаже дека немам многу избор“ – раскажува девојката.

Молчела и не се обидела да побегне зошто ѝ се заканувале дека ќе ѝ го убијат семејството.

„Се плашев, но кога по едно од многубројните силувања ме претепаа толку многу што не можев да станам, знаев дкеа морам да побегнам. Имав среќа првпат после многу време затоа што никој немаше во кафаната, истрчав и побенав низ шумата, иако имав болки“ – раскажува.

Во полиција ѝ требало многу храброст за да раскаже што ѝ се случувало.

„Сфатив дека морам да раскажам затоа што ако молчам некоја друга девојка може да заврши како мене“ – вели храбрата девојка.

Нејзината приказна покренала голема акција за борба против трговија со луѓе.

Исто така снимен е и документарец “Набљудувачи“ од режисерот Никол Љуц кој се состои од три приказни од кои едната ја раскажува токму Катарина.

Извор точка

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...