17.1 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од...

Полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој пред неколку денови беше пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 07.07.2024, како последица на изгорениците Б.А. починал.

<

„Според пријавата од Б.А.,тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од нас.Ченто до Ќојлија,а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот.“, стои во соопштението од полицијата.

Од таму информираат дека извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки.

При тоа е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај Б.А. настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 07.07.2024 Б.А. починал. Со ова е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници, дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна. Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје.“, стои во информацијата од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина !!!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги...

Унеско бара охриѓани да ги скријат клима уредите сателитските антени и соларните системи !!

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на...

Жител на селото Мислешево на гостите и на вработените во локалот им се заканувал со ќотек !!

На 17.05.2025 во 18.40 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа М.М.(54) од истото село затоа што претходно во...

Охриѓанец ја киднапирал бабата, сопругата и малолетната ќерка на негов сограѓанин !!

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој...